Skip to content

Апокалипса – Виолета Јовановска

  • by

Само езерскиот шум
Го слушаше гласот
На мојата душа
Која тивко се распна
Пред  лицето на хоризонтот
Таа ноќ само полските цветови тивко плачеа
Коњите молкум во мене гледаа
Беа близу до мене
Молкум го слушаа тој глас
По не знам кој пат
Повторно сфаќам
Дека сум само провинцијалка
Во светот
Во животот на секој што го познавам
Ветрот ми ги развејува косите
Фонот од звуците на природата
Коските ми ги допира
Пред вратата на Апокалипсата стојам
Погледот ми е насочен кон вратата
Сфаќам дека морам ја отворам
И без страв, и без болка
Да поминам
Да чекорам низ тој лавиринт
Само јас знам зошто сум токму овде
И, воопшто не е лесно
Да ја исполам оваа мисија
Во срцето го слушам гласот на душата
Како ми вели:
Не плаши се, само храбрите тука издржуваат
А ти, знам
Дека овде ќе издржиш сè
Ти…
Ќе бидеш победник
Одново како орелот
Ќе полеташ низ сводовите на животот
Бидејќи ја сфати
теоријата на животот
Дека последните Секогаш
можат да бидат први во сè

Напишете коментар