Сопственик на циркус имал 10 слонови. Ги водел насекаде низ светот, а тие изведувале трикови пред публиката. Слоновите биле секогаш мирни и послушни и иако имале многу прилики за тоа, никогаш не се ни обиделе да го скинат тенкиот конец околу нозете и да побегнат.
Еден ден, едно момче го прашало сопственикот како успева да ги контролира слоновите.
“Овие слонови ги имам од кога беа мали. Кога им го врзав конецот за нозете, не можеа да побегнат, ниту да го скинат. Како мали сфатија дека конецот е непобедлив. Сега се постари, но и понатаму веруваат дека конецот е појак од нив и воопшто не се обидуваат да избегаат“.
Поука: Понекогаш толку сме навикнати на она што нѐ држи “заробени” што, иако имаме прилики, не се ни обидуваме да смениме нешто.
Прочитајте ја и приказната за она што го даваме на другите.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.