Ти сакаш да ме увериш
дека сум јаден и лит
и дека ништо во мојот живот
не носи знак на величие.
Но јас сум тој што се слуша,
од мене зависи сѐ!
Ти сакаш да ме понижиш сосем,
да ми предочиш јасно
дека се лажам самиот
и дека секој мој подем
бил измислен.
Сети се – ми велиш –
како се витка црвец во кал.
Но сепак сѐ зависи од мене!
Јас сум, види, чувар на својата гордост,
и не очекувај да се помирам
со бесмислената ништожност
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.