Skip to content

Сè сум бил – Јосип Коцев

Кажи, заборави, потсети се!
Ја разнесуваш собраната горчина
по мојата темна шума
во која уште трчаат полубогови и весели нимфи.
Викни, опцуј, извини се!
Сè сум бил,
одредено ништо и постојано нешто,
најдолен, фален, измачкан, китен,
венчан и гадно разведен со смислата.
Напиши, избриши, покај се!
Многумина се обиделе
да ме повредат со зборови,
но, јас сиот сум зборови,
па ти кажи ми:
може ли оган да изгасне оган?

 

Напишете коментар