Ветар во магла – Менче Кадинец

Како ветар во магла
картите ти бегаат
хемијата на животот
ги расплакува твоите мечти,
несудени, брзоплети
потези ткаеш низ
животот.
Скроти се
Сокриј се во тивко катче
каде сонот е јаве,
ама кротко, мирно.
Не бегај од Божјиот Благослов,
не бегај од Благослови
Застани кротко
и почни да ткаеш тивка сказна,
мирна, миризлива.
Поклони се на Божјата милост.
Не влегувај во туѓи животи
не брзај,
како ветар во магла.