Што сакал всушност поетот да рече?
Дека песната не е песна
туку шума
Дека листот хартија е молња
и дека моливот на масата
станува рудник за јаглен
секоја вечер
Што сакал поетот всушност да рече?
дека вечерта не е вечер
туку поплава во која тонат куќи
Дека куќите се гнезда
и дека жената станува птица
откако ќе се свлече
Што сакал поетот всушност да рече?
Дека птицата не е птица
туку цвет фрлен в небо
Дека небото е капка вода
и дека реката е животно
што лази место да тече
Што сакал поетот всушност да рече?
Дека животното не е животно
туку облак што плови над море
Дека морето е хоризонт што спие
и дека може да го разбуди
само остров или глечер
Што сакал поетот всушност да рече?
Дека глечерот не е глечер
туку прозорец што кон вселената гледа
Дека вселената е дете
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.