Толку смирувачки делува
светлината исполнета со добрина,
од чии пори испарува
мирисот на лаванда.
Толку смирувачки делува темнината,
потопена во парафински восок,
стуткана во стариот фенер,
подготвена да плете нови сказни
и да ткае желби рој.
Толку смирувачки делува тишината,
обоена од пламенот на свеќата,
разиграна од фигурите на сенките
и разбранувана од ритамот на моето срце.