Мрак. Во својата соба на таванот, легната на најудобниот кревет со дневникот во рака уживаше во разговорите со самата себе. Нејзината најдобра пријателка која секогаш имаше време да ја сослуша, никогаш ја немаше изневерено, па така ни оваа вечер не беше исклучок. Додека сите спиеа ТАА размислуваше за себе, за светот, за животот, за НЕГО, за НИВ, за сите работи кои сакаше да ги направи, за сите нешта кои беше спречена да ги направи. Размислуваше и за нејзината животна желба која сакаше еден ден да стане реалност, па ги согледуваше можните начини како да ја оствари. Уште многу мисли вечерта прошетаа во нејзината глава, а тишината и шепна дека е време да се одмори за да биде свежа утредента. Отсекогаш го сакаше мирот кој го носеше тишината и на мудрите забелешки што ги заклучуваше во неа, па можеше речиси со часови да седи пишувајќи го дневникот во тишина и разговорајќи со неа.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.