Не заслужуваш ништо помалку
од некој што ќе те чува ко зеница в око.
На раце што ќе те носи.
Што ќе те гледа со искри во очите.
Што мед ќе му тече од усните
твоето име ко ќе го спомнува.
Не заслужуваш ништо помалку
од некој што ќе те гледа како капка вода на дланка,
што ќе те штити од суровоста на светот,
што ќе ти биде прибежиште,
што со гордост ќе те следи
на патот кој си го одбрала
и нема да прави компромиси кога си ти во прашање.
Не заслужуваш ништо помалку
од некој што ќе му бидеш прва мисла ко ќе се разбуди
и последна, пред да заспие.
Некој, на чие рамено секогаш ќе може да се потприш,
да се исплачеш.
Не прави компромиси.
Не толерирај.
Не може да не му е денот
кога се работи за жената што ја сака.
Оти ако малку се грижи, нема да заборави.
Ако малку му значиш секогаш ќе најде време
да праша барем како си.
Затоа, не прави компромиси.
Остави да си замине она што и онака не е твое.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.