Веќе тоа твоето нема сила – нема магија,
џабе ти е – в полноќ не се јавувај,
тагата в чаша одамна се испила,
се заменила со шампањ и поубава приказна.
На местото кај што сѐ проштевав
останала празнотија и црна дупка свилена полека што се пополнува,
баш на местото кај што срце во името твое требаше да чука – сега срце заборава.
Се врти нов лист – остај што очи ќе ти кажат,
можда вечерва по малку бладам, ама ислушај ме небо бар ти,
ветив и си реков – нема назад,
нема назад – верувај ми,
затоа не се надевај напразно – собери ги тие очи љубопитни
и земи, скриј го погледот,
штом среќа не виде,
нека не види и тага светот.
Скоро полноќ е и сум полупијана,
полупијана, ама и тивко посреќна,
чекам сон да ме фати или барем една честитка,
чекам иако знам дека Годо не доаѓа,
ама и да дојде врата не му отварам.
Скоро полноќ е и ѕвонат ѕвоната,
дојде Нова Година,
а јас за првпат се насмеав искрено,
знаејќи дека те оставив да самуваш во старата.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.