Skip to content

Денес започнува традиционалниот Саем на книга во Матица!

Од денеска, 20 јануари, во книжарницата Матица ќе започне традиционалниот зимски саем на книга „Книга во секој дом“. Саемот на книга организан од Матица се одржува традиционално секоја година во зимскиот период на големо задоволство на сите љубители на пишаниот збор!

Оваа година, Саемот на книга во Матица ќе трае од 20 – 31 јануари.

Читателите ќе имаат можност да си одберат книги (некои и на попуст) и од домашната и од странската литература и со тоа да си ја збогатат домашната библиотека.
Вие, ако сте љубител на пишаниот збор и обожавате да купувате книги, овој настан е токму за вас!
Посетете го нивниот настан, тука „КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ“, за подетални информации.

Подгответе го списокот со книги што сакате да ги купите, и впуштете се во книжевна-шопинг авантура!

Делата во издание на Матица, ве чекаат на Булеварот на книгите!

16114710_1308239512548056_6529700410140406976_n

Напишете коментар