Испив коприна која не беше свила
Ќепенци ставив на душава
За да можеш да ја отвориш со клучот на љубовта.
Ќе ја oтвориш ли кога ќе дојдат пролетните дождови?
Пролетта носи љубов, знаеш
А ти си се скрил под облаците и ѕиркаш зиморливо
Не си насмевнуваш кога ќе ги видиш моиве очи
Не се заслепуваш кога ќе те помилува мојава коса
Стоиш цврсто на облаците на Олимп
Лебеди ти го чуваат твојот златоклунест скиптар и
Те опиваат со амброзија.
Пролетта носи љубов, знаеш
Вистински ластовици доаѓаат од југ
Остави ги облаците, прелетај до душава моја
Отвори ја со клучот на љубовта.
Пролетта носи љубов, знаеш
Ги снемува зимските ветришта.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.