Skip to content

Знам – Дијана Станчевска

  • by

Знам дека ме познавате,
знам дека и знаете сè што можам да направам.

Знам,
знам и јас те познавам тебе и тебе и тебе,
знам дека сè што можам да направам е само да гледам.

Знам,
знам дека немам уши за слушање,
знам и дека немам уста да зборувам ниту нозе за да одам.

Знам,
знам дека никогаш не можам да се издигнам над веѓите.
Знам,
знам сè што е присутно пред мојот вид.

Знам,
знам дека зората ја чека на работ секоја полноќ,
знам и дека нема подобра слика од онаа што ја сликам.

Да јас знам,
знам дека се прашувате што друго знам!!
„Во сè што гледаме, и во сè што не гледаме, има уште многу да го видиме уште невиденото“.

Напишете коментар