Не ми зборувај
За правди
За неправди
За поубави денови
За мрачни моменти.
Не ми зборувај
Кој, што, како можел
Кој, што, колку направил
Кој, што, колку сакал
Кој, каде бил
И зошто другиот не отишол.
Не ми зборувај
Ни за човечност
Ни за заблуда
Зашто тежината на душата е голема
Секој ја крие во срцата низ рани
Кои со насмевки пробува да ги реши
A светот,
Погледни го светот
Мизерно во прегратка злото го држи
Чиниш среќа така се прави.
Немој, застани тука
Не ми зборувај ни за ракување
Не ми спомнувај ни за добрините
За нив местото одамна го снема
Канџите на суровоста
Ги избришаа без срам
За да не можеш пат да си нацрташ
Да не можеш цел да си пронајдеш.
И немој
Не ги спомнувај неизживеаните
За нив дојде времето
За нив дојде животот
Без дела,
без мака си поминуваат лесно
Со простотилак го направија овој свет
Да не биде повеќе она место
Каде секој можеше среќа да најде,
Каде секој си знаеше чергата до каде е
Се измести сè
Се измести овој свет
Да не го пропуштиме овој пат од рацете
Ќе останиме боси во душите.