Деведесет и четвртиот сонет на Шекспир е сонет со повеќе слоеви кои алудираат на онаа група на луѓе која поседува моќ да повредува, но избира да не го прави тоа – во тоа е всушност и нивната доблест. Шекспир со метафори и поетски слики ги опишува оние кои на крај ќе го наследат Царството Небесно. Сонетот е препеан од исклучителниот Проф. д-р Драги Михајловски. Уживајте.
Тие што се моќни, а чин не прават надмен,
што не прават ништо светот да се срди,
што другите ги дразнат, а самите се ко камен,
недразливи, ладни, пред искушението тврди;
тие се наследници на блажените места,
со право вардачи на природната прелест;
тие се газди и стопани на честа,
другите само измеќари на нивната доблест.
Кринот на летото лиџбина е мила
иако само за себе живее и мрее,
но штом кринот гадна го зарази сила
најгадниот бурјан на достоинството му се смее.
Оти најслатките ствари делата ги грдат,
лилиите што гнијат од бурјан полошо смрдат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.