Skip to content

Цветен омаж – Сајмон Армитаж

Сајмон Армитраж (роден на 26 мај 1963 година) е англиски поет, драматург и романсиер кој беше назначен за поет лауреат на 10 мај 2019 година. Тој е професор по поезија на Универзитетот во Лидс и го наследи Џефри Хил како професор по поезија во Оксфорд кога беше избран на четиригодишно вонредно именување од 2015 до 2019 година.

Назначен е за  поет лауреат на Обиденетото Кралсство на 10 мај 2019 година. Тој е професор по поезија на Универзитетот во Лидс.

Има објавено преку 20 збирки поезија, почнувајќи од Зум! во 1989 година.

Сајмон Армитраж  објави нова песна по повод смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора.

 

Цветен омаж

Ќе дојде вечер, без разлика колку и да е решетилно касното пладне,

Лимети и дабови кои почнале да го губат зелениот пламен, збисерен  во септемвриската магла.

Ја поканив момината солза да гo осветли овој темен час,  во знак на благодарност,

Обвивки и аури со нежен отсјај што врамуваат топченца сјајни.

Доживотен аманет, даден и одржан  –  тоа беше подарокот кој го дадовте Вие –

Од нас еве момина солза, за благодарност и возврат

Секое мало светкаво звонче  со штит од остри копјести лисје.

Целата наша земја врачена беше во вашите тенки раце,

Рацете кои  можат да се одморат сега, ослободени од вековен товар.

 

Дојде вечерта. Дожд врз темните езерца  и смрачените врвови на Манро

Момина солза, вашиот омилен цвет, кој толку многу прилега на Вашето име.

Затскриена во вашите славни букети,  со воздржан шарм

И голема грациозност на нејзините  мали звонченца, на секој расцутен цвет

Тивко ѕвоно кое прикрива необичен глас. Маглов нов ден

Се крши некрунисан  на далечените врвови и паркови јавни,  и

Сè се врти на овие светли латици и длабоки корени,

Оваа момина солза кој вирее меѓу класје и стебла, чија светлина

Преживува  и свети надвор од животот и местото на својот цут.

Сајмон Армитаж

Поет лауреат

 

Напишете коментар