Жубор
Река на надеж,
утринска роса ми ја милува косата,
росна трева ме гали под нозете,
играм,
кренати раце небаре небото ќе се слее врз мене.
Нов ден,
нова искра на надеж,
нов предизвик,
нов почеток.
Праведноста ми е свиена во рацете,
како бело платно што сјае,
разиграни бои на виножито ме облеваат околу мене.
Искра,
нова искра на возбуда,
преплетена со восхит танцуваат заедно со мене.
Мирисот на розата без трн ме обзема,
како свила лебдам кон облаците,
се вивнувам до месечината
и се спуштам до потокот.
Тој жубори,
силно, силно
ко да ми ја оздема душата,
а ми го полни срцето.
Ме возбудува таа глетка.
ме опива тој шир,
шир на изобилие, величенствено патешествие.
Радост.
Неизмерна длабочина,
вишнови градини,
сите сплотени во едно,
а јас САМОВИЛА.