Пепeуртки сме лебдечки полни живот, со оган на краткотрајна радост
Забревтани сме во лет полн со живост и младост,
Бргосвенувачки цветови кои се смеаат на Сонцето без да ги огрее Месечината
Ни згаснуваат очите среде зима, полни со солзи и јад уште пред да jа насетеме иднината.
Само љубовта може да нѐ спаси од заборавот и минливоста на времето
Зошто таа е секогаш жива и вистинска како сите вистини на светов
Треба да ја чуваме, да не дозволиме да избега пред налетот на невремето
Благородна е, не ја чувствува минливоста на веков.
Со неа иднината минато има, и станува миловидна како дете
Слободна е како ден и остава сама судбата наша да се сплете.
Љубовта сакајте ја! Љубовта барајте ја!
Ќе живеете со неа, нема да пропаднете во виорот на лагата!
Со неа ќе ве грее радоста и во мракот на тагата!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.