Skip to content

Секој секому огледало – Андреј Ал-Асади

Во малтерот помеѓу две куќи,

и кожата помеѓу чифт гради,

низ знаците на каменот

и кругот на прегратката,

луѓето секогаш во парови

одлетуваа кон вселената.

 

Во мракот заробен помеѓу две дланки стиснати

и мартинката сплетена од две насмевки ненадејни,

луѓето почнаа да разбираат кои се:

и секој секому огледало,

и ништо да не остане недоречено.

Напишете коментар