Како порој златен Црна Река тече, Железнец го влече
Бабино со извори златни Хисарски лик нерамен сече
Скаменет змеј од убавини вџашен, од солен извор пиен
Од валавици вртен, в сенишен вител вировски слиен.
Слепченскиот поменик го помни твојот сјај свечен
Мистични писанија, наследство на јазик мајчински вечен
Четвороангелски стих во густи шуми свиен
Исконски резбарски набој во златни двори твои скриен.
Смилевски проглас оддекнал од твоите железни гори
Ѕидарски скамен поздрав, зачетник на востанички зори
Пирејски молитви стихуваат книжевни сенки и завештанија
Демихирски триптих за идните македонски поколенија.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.