И пак душата за тебе ми сонува,
се кине срцето и за тебе гине,
а твојата неверност се повлекува,
како темен облак на небото мине.
И повторно си ми чиста, сјајна, ведра,
од призракот твој блаженствата ме греат,
па пак јас тебе би ти паднал на бедра
и ти гледал очи што слатко се смеат.
Така вита ела молњата ја згоди
во небото што гледа и живот чека,
не мисли: небото облаци да води
од коишто нова ќе загрми екa.
Препев: Татјана Маженковска
Повеќе за авторот на следниот линк.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.