Над нејзината свежа почва
се издигаат бледозелени ридови наоблечени со цвеќиња.
Во неа, во скудната трева,
изблици од виолетови качунки се насмевнуваат за последен пат.
Оставаме знаци на чувства насекаде:
по тесната патека кај што се крие мачката,
дивата коприва кај што расте и блеска до оградата
па за миг сјае како да е жива месечина.
Пирејот вика: Напред, напред!
Едно по едно,
моите мали цвеќиња свенуваат.
Не им било судено да траат засекогаш заробени во почвата,
насадени во градината.
Сини цветчиња како ѕвезди
досегаат до прозорецот на тремот.
Порано, меѓу леите дури го корнев плевелот
барав храброст.
Подоцна барав некаков,
било каков доказ за љубов.
Сега барам оправдување.
Болните и стари растенија секогаш умираат први,
стануваат јасно жолти а на крај
потемнуваат,
се исушуваат,
стануваат шупливи.
Но Виктор не се согласува.
Вели дека ако ова не било песна,
туку вистинска градина,
немало вечерниот ветер да мириса на тага.
Гордана Каракашевска
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.