Skip to content

5 дела – најпознатите преводи во историјата

  • by

 

Денес е светскиот ден на преведувачите и ви ги претставуваме 5-те најпознати преведувани дела во светот кои извршија големи промени во функционирањето на светот во којшто живееме.

Кога зборуваме за најпознатите преводи тоа се оние највлијателните, кои предизвикаа видливи промени во функционирањето и перцепцијата на светот.

Преводот низ историјата им нудел на поединците не само шанса да комуницираат со различни народи и култури, туку да ја видат и интерпретираат својата околина на поинаков начин.

Подолу се наведени пет од најзначајните преводи што историјата ни ги дала досега:

5.  Марк Твен го преведува Твен

Марк Твен е реномиран книжевник, а неговите книги се преведени на многу јазици за читателите ширум светот да уживаат. Но, најинтересно е тоа што можеби најпознатиот превод на едно од делата на Марк Твен го направи самиот Твен.

Твен го презеде овој преведувачки напор со цел да ја докаже неверодостојноста на директниот обратен превод. Обратен превод е метод во кој делото што е веќе преведено на странски јазик се преведува назад на неговиот оригинален јазик, користејќи го документот на странски јазик како изворен материјал.

Твен ја зел француската верзија на една од неговите приказни – „Прославената жаба скокачка од округот Калаверас“ – и ја превел од збор до збор на англиски. Тој ги објавил оригиналните англиски и француски верзии заедно со озлогласениот обратен превод во едно издание, наречено „Жабата што скока: на англиски, потоа на француски, а потоа повторно вратена во цивилизиран јазик со трпелив и неплатен труд“.

Ставот на Марк Твен за преводот e секако непристоен. Но, значајните преводи како неговиот имаа вистински и трајни последици и го обликуваа општеството во кое живееме денес. И покрај сè друго, неговиот превод јасно укажува на неопходноста од локализација кога се преведува копијата за да се даде одреден лингвистички шмек.

4. Договорот од Кадеш

По долга војна меѓу Египќаните и Хетитите во 13 век п.н.е., двете страни потпишаа мировен договор познат како Договор од Кадеш. Покрај тоа што е првиот познат дипломатски договор во тој регион од светот – и најстариот преживеан пишан договор – тој е и првиот таков двојазичен правен документ во светот.

Договорот бил напишан и во Египет и во Хетитската империја; првиот испишан со хиероглифи, а вториот напишан на печени глинени плочи. Интересно е да се забележи дека дури и во античко време, преводите не биле целосно буквални. Хетитската верзија на договорот не е доволно јасна, додека египетската верзија е груба и директна – прашање во правниот превод што продолжува да предизвикува проблеми и денес.

3. Куранот

Преводот на Куранот е чувствително прашање за повеќето исламски научници. И покрај неговиот превод на повеќе од сто јазици, се тврди дека Куранот е непреведлив и не треба да се репродуцира на други јазици и дека треба да се чита само во неговата оригинална форма на арапски.

Но, постои потреба муслиманите ширум светот да можат да го разберат и проучуваат Куранот. Затоа, преведените верзии на текстот се нарекуваат „интерпретации“ и не се сметаат за свети како оригиналната арапска верзија.

2. Будистички преводи на Индиските Сутри

Во неговата суштина, преводот е медиум за комуникација. И како и секој друг медиум, тој е подложен на манипулации, филтрирање и уредување од страна на преведувачот. Историски пример за ова е преводот на Индиските Сутри од будистички монаси на кинески во 2 век од нашата ера.

Монасите ја изменија пораката на оригиналните сутри за да ги одразуваат посакуваните елементи на кинеската култура како што е родителска послушност. Овој напор за локализација ја направи религијата попривлечна за сонародниците на монасите и ја зголеми популарноста на будизмот кај кинескиот народ. Денес, се проценува дека во Кина има повеќе од 100 милиони  будисти.

1. Библијата

Еден од најстарите религиозни текстови познати на човекот, Библијата е преведена на повеќе од 450 различни јазици.

Оригиналната верзија на Библијата беше напишана главно на хебрејски. Прво беше преведена на грчки од од 72 еврејски научници.

Во 4 век од нашата ера, свети Јеронимо сам ја превел целата Библија на латински. Тој беше прогласен за светец-заштитник на преводот поради неговото преобратување на Библијата и другите значајни религиозни дела.

Благодарение на овие и последователните преводи, христијанството можеше да се прошири низ повеќе земји и континенти, помагајќи да се обезбеди своето место како една од најраспространетите религии во светот.

Напишете коментар