Skip to content

Птица – Михаил Ренџов

Почина  Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач, автор на десетина збирки поезија. Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023 година. Неговата мала птица, неговата песна вечно ќе живее во срцата на вљубениците на поезијата и на убавиот збор. Нека му е вечен споменот на овој голем македонски поет.

Мала птица, таго,
Чуден бол и леснина
Пронаоѓам вечни траги
Во летот и песната
Мала птицо, таго.

Пробуди ја мислата моја
Во лист, во камен, во око
Паѓа дожд во летни бои
Во златна жица на летен спокој
Пробуди ја мислата моја.

Таа веда во крв ми расне
Во зрела житна кора
Штом ветрот ѕвезди гасне
Мислата пламнува во зборот
Таа мисла во крв ми расне.

Мала птица, таго,
Длабок сон и леснина
Остануваат како граги
Само летот и песната
Мала птица, таго.

Напишете коментар