Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица и годинава распиша Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик. Конкурсот е наменет за учениците од основните и средните училишта во Македонија, со цел кај младите да се поттикне и развие самата вештина, љубовта кон убавото, а и кон кириличното писмо.
„Испратете убава пишана мисла“, започнува повикот од страна на организаторите. За повеќе детали на фотографијата подолу.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.