Skip to content

Разлики помеѓу читањето е-книга и обична книга

Дилемата што е подобро: дали книгата да се чита преку уред наменет за читање книги или да се чита обична книга не знам дали целосно може да биде разрешена. Зошто? Бидејќи и двата начина на читање книги имаат свои предности и недостатоци. Ваш избор е кој начин ќе го одберете, јас препорачувам нивна комбинација.  Во продолжение следуваат нивните разлики.

1. Држењето на книгата и чувствувањето на нејзините корици во рацете е различно од чувањето електронски уред кој има екран при кој наместо рачно да завртите вие со еден прст треба да направите допир на екранот со кратко движење за да преминете на следната страница.

2. Со читање на обична книга постои можност да се почувствува оној мирис на тазе купена книга кој мириса препознатливо. Кај постарите книги може да се осети истиот мирис кој се шири низ библиотеките каде што има огромен број на стари книги. Електронското читање не го дозволува овој „луксуз“.the_weird_habit_of_smelling_books_by_sortdrame-d606988

3. Ако ставите 10 книги во чанта тие би тежеле многу повеќе од таблетот/ e-читачот кој пак може да содржи во себе и 30 книги кои ви се достапни во секое време, а неговата тежина останува иста.

4. Обичната книга можете да ја препрочитате онолку пати колку што ќе посакате додека со електронскиот читач ќе можете само додека имате доволно батерија. Доколку немате можност да ја надополните батеријата ќе читате додека не се испразни.

5. Електронскиот уред за читање книги не постоел во минатото, а луѓето читале книги многу повеќе. Додека денес достапноста на книгите е многу поголема, но интересот за нивно прочитување многу помал.

6. Додека читаш обична книга ти во раце држиш нешто материјално, но имаш можност да се стекнеш со духовно богатство кое се наоѓа токму во твоите дланки.

7. Обичната книга ќе ја имаш како парче потсетник дека си правел нешто корисно, а наредните поколенија ќе имаат можност да ѕирнат во минатото и да погледнат што читале нивните предци во времето кога живееле. Додека електронскиот уред има ограничен век на траење, нема да ги зачува вечно прочитаните книги иако и тој подеднакво дава духовно богатство.
books-vs-ebooks-protect-environment-simple-decision

8. Е – книгата не може да се подари со посвета за разлика од обичната книга.

9. Е – книгата ти овозможува зголемување на буквите и промена на фонтот. Исто така можеш да читаш во целосна темница затоа што самиот уред е осветлен.

10. Е– книгата не може да биде изгубена доколку го изгубите вашиот уред за читање (повторно може да биде најдена на некој сервер, да ја спуштите и да ви биде достапна).

11. Книгата не може да закачи вирус за разлика од е – книгата. Но затоа може да допринесе да се збогати просторијата. И да се внесе дух и живост во аголот каде што е сместена покрај останатите.

12. Е- книгата можеби нема да фаќа прашина на полиците, но не може ни да го понуди она задоволство кога мераклиски си ги преуредуваш книгите како што ти одговара класифицирајќи ги по твоја мерка.

f664d0d92d5757a146774b6b08d2aa5d

Што преферирате повеќе пишете ни во коментар! Повеќе сакате да читате обични или е-книги? Образложете го вашиот избор во коментарите.

Напишете коментар