Skip to content

Неслучена

images (2)

Не многу одамна
плашливите очи
заедно со збунетоста
проткаена со изненаденост,
го отфрлаа од нејзе
како што баскетот се одбива од земјата,
секој негов обид да ѝ се приближи
го правеше уште подалечен.
Оклопот чиниш кора од дрво
го облекла врз себе,
ги потиснала зраците на душата
без да ги чуе дека во себе врескаат
да бидат ослободени
како што неговите раце
слободно летаа кон неа.
Откако му ги скрши крилјата,
тој одлета во друго гнездо
оставајќи ја да верува
дека е заборавена,
како чадор во школска клупа
заборавен на последниот час.
Таа не заборави,
пролетта која ветуваше,
а даде само празнина,
раѓаше незаборав
и одгледуваше каење…
Во сон се појавуваше
магловито,
за да го поткрепи незаборавот
кој никогаш немаше да умре,
а бесмртна беше и желбата
да се исповедаат меѓусебно,
како што грешник се исповедува пред поп,
можеби тогаш ќе почнеше
незаборавот да биде дел,
а не тешка дупка во душата
носејќи заборав на сите каења,
пополнувајќи ја секоја вдлабнатина,
оживувајќи ја кората која некогаш беше оклоп,
претворајќи го она што не било,
тоа што беше неслучено,
тоа што требало да се случи
во нешто што ќе се случува.

Напишете коментар