Skip to content

Душа – Јован М. Миноски (рецитација)

 

ДУША

Од памук белина,
удавена во капка солза чиста,
голтка небесна синевина,
виножито кај се напива
плете древна нитка.
На гради машки легната,
суви дланки и подзглавје,
покров ѝ е квечерина,
заспана како млада невеста
на ругузина.

Од бигор рана свената,
од рака недопрена,
од мисла тешка откорната.

Осудена да самува, 
во мрачна зандана робува.
Во кафез бела гулабица,
крила и скршени - сака да полета.
Да зборува и прикажува,
длабоко во човека.

Езди,
послана ко черга,
ткаена на разбој од крпеници.
В час го допира катот земјен,
час в небеси се вивнува,
запирајќи на кратко,
да почине,
крај сеќавањето.

RAINdrops

Напишете коментар