Skip to content

Разговор помеѓу човекот и стравот

Човекот: „Навистина, може ли да ми објасниш зошто си ме спречувал да направам многу работи?“

Стравот: „Јас ништо не сум спречувал, ти самиот си се спречувал“.

Човекот: „Да не беше ти, немаше Вила да не знае дека ја посакувам долго време иако е во долга врска, немаше да ме спречуваш да ѝ го плеснам тоа во лице без страв од последици!“

Стравот: „А, мислиш дека доколку ѝ кажеше работите ќе беа поинакви?“

Човекот: „Што е битно тоа сега, да не беше ти, сега веќе ќе имав летано со авион до друг континент и ќе скокнев со падобран веќе три пати, имав точно три шанси тоа да го направам!“, му рече човекот.

Стравот: „Зошто мислам дека само јас сум ти изговор за сите работи кои не си се осмелил да ги направиш?“, праша Стравот.

Човекот: „Затоа што си ми пречка. Огромна! Секогаш кога ќе ми се појавиш, јас сум како парализиран. Ете, затоа.“, нагласи човекот.

Стравот: „А, покрај летањето со авион и скокање од падобран, се плашиш ли од уште нешто?“, го праша.

Човекот: „Од тоа дека благодарение на тебе многу работи во иднина ќе ги пропуштам“, му одговори.

Стравот: „Значи, се плашиш од мене конкретно, па и од работите кои мислиш дека јас те спречувам да ги направиш“, заклучи Стравот.

Човекот: „Секој се плаши да чувствува страв. Затоа си непосакуван и никој не сака да те чувствува. Кога би можеле многу лесно да те совладаме, би било поинаку“, рече.

Стравот: „Јас сум создаден затоа што требало. Најубаво ми е кога некој како тебе вака ќе се обиде да ме разбере, да ме искорени и совлада.“, заклучи.

Човекот: „Што треба да направам за да те искоренам?“, праша човекот.

Стравот: „Не сметаш дека сам треба да го најдеш одговорот?“, праша Стравот.

Човекот: „Да сметав така, немаше тебе да те прашам“, му одговори.

Стравот: „Постојат повеќe начини за да бидам совладан, но еден начин е најсигурен!“, викна Стравот.

Човекот: „Ќе може да го знам тој начин?“, праша.

Стравот: „Секогаш кога ќе мислиш дека поради мене не треба да правиш нешто, или си спречен да го направиш тогаш тоа и направи го. Само тогаш ќе бидам целосно совладан“, заклучи Стравот.

ac96d4691de71d10195534e9832e8a73-fear-photography-emotion

Напишете коментар