Денес одлучив да го споделам читањето на моите стихови насловени „Дождови“. Пријатно слушање!
Твојот мал куфер и мојот скриен свет, не се познаваат доволно, за голем свет нема место во претесен куфер. Не се прамените од свила створени за да бидат недопрени, не се световите преголеми за да не бидат споени. Дождовите ги мијат улиците, илјадници куфери се во потрага по својот дом чиниш се бездомници, талкачи, кои како номади го врват животот, а ти уште го чекаш дождот за да ти ги скрие солзите. Ѕидот кој го градиш околу себе нема да се сруши додека не е вистински миг, а тогаш, сјајот во очи ќе биде вратен. Капките од покривите ја испишуваат тажната мелодија скриена под мрачните ќерамиди, заштитена со окови во тишина, зачувана во себе. Кои дождови се поголеми? Оние кои преплавиле цели градови или оние кои можат да ја преплават душата? Чии улици останале суви? На тие што сјајот во очи им блеска или на тие кои научиле дека и дождот не трае вечно.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.