Skip to content

Повторување

Слушајќи го звукот на брановите
една мисла константно
ми се повторуваше.
Се трудев да заземам
медитативна положба
и мисловниот тек
да го насочам
само кон смирувачкиот звук
од морето,
но мислата ме прогонуваше
со секое издишување.
Се насочив кон неа
обидувајќи се да разберам
што е во нејзината суштина.
Репетитивност.
Повторување.
Како сите нешта околу нас – се повторуваат секојдневно.
Изгревањето на сонцето секој ден
и неговото заоѓање,
смената на годишните времиња,
денот и ноќта,
заспивањето,
будењето и сонувањето меѓу нив…
Заклучив дека многу работи
што ги правиме во животот
се случуваат одново и одново.
И во тоа беше неговата суштина,
како нешто механичко,
а убаво и нездодевно.
Репететивноста.
Како и самата мисла.

Напишете коментар