Skip to content

Синот Божји кој никогаш нема да биде заборавен

Поминаа 11 години откако ја чувме трагичната вест која никој не посакуваше да ја чуе, веста која на сите ни го промени тој кобен Вторник. И денес е Вторник, но поразличен од тој тогашен. Тоа утро нема кој не го помни кога ударна вест беше сообраќајната несреќа кај Нова градишка. Ресис сите сесеќаваат што правеле кога ја чуле веста, кој им ја пренесол или каде ја дознале, што се случувало потоа.

Дознавање за трагичната вест

Јас знам дека бев во основно школо, поточно втора смена и дознав нормално пред да одам на училиште.
Како сега паметам што носев и што чувствував во текот на целиот ден. Со група деца ние основношколци самоиницијативно од училиште тргнавме да запалиме свеќа на плоштад. Мислам дека директорот не спречи во намерата и се вративме во училишните клучи. На училиште пак, сите наставници беа “потресени“ од веста и на тој ден ниеден час не беше вистински час. Почнуваше со една минута молк и после останатите 40 минути беа „тепање“ на време зошто никому не му беше дојдено ниту до предавање, ниту до слушање.

Тогаш немаше интернет, јас со неговите песни се запознав преку радио и преку касетата од неговиот албум што татко ми ја имаше купено во тоа време. Иако не успеав да му појдам на ниту еден концерт, дома си го слушав на касетофон. После тоа си прерасна во „традиција“ секогаш кога ќе имам потреба барем еднаш во месецот пуштам негова „плејлиста“ и тоа ми е „Тоше ден“ или „Тоше вечер“ во зависност од тоа дали слушам преку ден или навечер.

phpthumb_generated_thumbnailjpg-486

Човекот кој има само даутм на раѓање

Кој „Магија“ ли прати тебе да те земе и твојот живот кој беше „Игри без граници“ да го скрати, во „Собата за тага“ седиме во тишина и чекаме да се појавиш ти „Синот Божји“ кој ќе ни го избрка „Немирот“, за да ни речеш „Ех, да сум злато“, а ние посакуваме да те видиме барем уште еднаш затоа што вредеше како човек повеќе и од најскапото злато на светов.

Ти беше амбасадор на љубовта, хуманитарец, верник и љубител на човечкиот род.
Твоето „Ве сакам, сите“ сите секогаш ме наежува кога ќе го чујам во некоја песна или снимка од твој настап или концерт.
Да беше жив многу работи ќе беа поинакви, но затоа сега „По тебе“ ќе живее вечно сето она што ни го остави како подарок.  Како сведоштво за тоа што си и ќе бидеш вонвременски. Еднаш некој рече ти имаш само датум на раѓање, ти почина без вистински да умреш. 

Ех, тој Тоше, ех тој Тоше, имаше една детска песничка што многу ја сакав како мала. Песната не беше твоја, но Ти ќе бидеш вечен како секоја твоја песна. Живееш преку секој жив спомен кој си го оставил на сите со некоја постапка, со стих, со гест, со музика, со свирење. Среќници се тие што имаа чест да те познаваат лично. Слушајќи те низ годините имам чувство како да сум те познавала лично. Твојот глас би го распознала меѓу илјада други. Ах, камо да можеше да се вратиш и некој да речеше дека изминативе години колку што те немаше биле само една лага.

Вистината која ќе боли секоја година, вечен непребол

Ние мора да живееме со вистината, а ти живееш меѓу Ангелите горе на небото и меѓу сите кои вистински те почитуваа и сакаа тука долу на земјата.

Ти си жив, во секој дел од твојата куќа каде си одмарал, јадел, пиел, пеел. Присутен си во секој агол од твоето родно Крушево. Живееш во секое музичко студио и микрофон кој го впивал твојот здив. Жив си во спомените меѓу најблиските, пријателите и обожавателите. Нив ги има во огромен број што значи ти ќе живееш вечно.

Еден ден ќе ти се придружиме, и заедно пак ќе ги пееме твоите песни.
Еден си ти, еден беше Тодор Проески. Еден и ќе останеш засекогаш, во нашите срца.

Н.Н

Напишете коментар