Skip to content

Инстаграм ќе ги поттикнува тинејџерите да читаат книги

Една третина од денешните тинејџери не читаат книги од задоволство, покажува истражување на Американската асоцијација на психолози. Тоа е речиси тројно повеќе од бројот на тинејџери што не читале во 70-тите години. А, сепак, тинејџерите читаат можеби повеќе од кога било. Залепени за екраните, тие ненаситно консумираат зборови во форма на текст, фотостории, хаштази, известувања и вести поставени на социјалните мрежи.

Ако сакате да ги запознаете тинејџерите со некоја класична литература, еве една идеја: фатете ги на местото каде што се.

Народната библиотека во Њујорк споделува цели книги преку сториња на „Инстаграм“, а изведбата е воодушевувачка. Првата книга, „Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Карол, беше споделена летово, а втората, „Жолтиот тапет“ од Шарлот Перкинс Гилмен беше споделена овој месец.  Корисниците на „Инстаграм“ можат да ги читаат класиците во апликациите. Искуството не изгледа толку застрашувачки како кога ќе земете дебела книга – концизноста на страниците ве тера да се прашувате што е следно.

20181026-instagram-stori-kako-alatka-shto-kje-gi-pottikne-tinejdzherite-da-chitaat-knigi-1

Проектот се вика „Инста новелс“ и не е фокусиран само на тинејџерите, туку е совршен и за средношколците. Според една студија, „Инстаграм“ го престигна „Снепчет“ како најкористена апликација на социјална мрежа кај американските тинејџери.

Извор

Напишете коментар