Skip to content

„Образованието и науката се загрозени повеќе од кога било“, последната порака од Стивен Хокинг

aw-stephen-hawking-earth-space

Славниот британски научник Стивен Хокинг во својата последна, посхумно објавена книга предупредува дека науката и образованието низ целиот свет се сериозно загрозени. Тој вели дека денеска образованието и науката се во опасност повеќе од кога и да е.

Во книгата „Кратки одговори на големи прашања”, чија промоција се одржала во Лондон, Хокинг во книгата оценува дека двата настана во 2016 година или изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и британската одлука за референдум за напуштање на ЕУ се дел од „глобален бунт против експерти, вклучувајќи ги и научниците”.

Признавајќи дека науката допрва треба да даде одговори на големите предизвици на човештвото, како климатските промени, пренаселеноста, исчезнувањето на видови, уништувањето на шумите и деградацијата на океаните, Хокинг преку својата книга ги повика младите луѓе да „гледаат во ѕвездите, а не надолу.”

„Обидете се да му даде значење на она што го гледате, прашајте се што му овозможува постоење на универзумот. Важно е да не се откажете. Ослободете ја вашата имагинација. Обликувајте ја иднината”, пишува Хокинг во последната книга.

Еден од најпочитуваните научници на нашето време почина во март годинава, на 76 години. Со децении тој страдаше од амиотрофична латерална склероза и користеше инвалидска количка, а разговараше со помош на компјутерски синтисајзер. Ќерката на Хокинг, Луси Хокинг, која присуствуваше на промоцијата на книгата, рече дека слушањето на непогрешливиот глас на нејзиниот татко го доживеала „многу емотивно”.

„Се свртев бидејќи очите ми беа полни со солзи. Понекогаш се чувствувам како да е сè уште тука, бидејќи ние зборуваме за него, го слушаме неговиот глас и ги гледаме неговите слики, а потоа нешто ќе нè потсети дека тој нè напушти”, вели Луси Хокинг, ќерката на големиот научник.

Извор

Напишете коментар