25. ноември 1939 год. во Самобор, Хрватска, испечатана е стихозбирката Бели Мугри од Кочо Рацин, а тој станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Кочо Рацин е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија.
Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература која е испечатена токму на денешен ден пред точно 79 години.
Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.