Skip to content

Убавината на една горделива жена – Ивана Јовановска

  • by

Утро, ги отворив моите два сини подароци и погледнав во темната ладна соба, а погледот ме насочи кон рамката која ми стои на полицата во која е урамена мојата слика да ме потсеќа колку сум прекрасна. Станав со полна енергија и надеж дека денот ми носи среќа и насмевки наместо тага, горчина и умор. Се натерав себеси да го измијам моето бело лице и да ставам црвен кармин на моите полни усни за да бидам поубава. Жена.. Секогаш горделива и убава сака да биде, такви сме.. Жена голем збор. Дама, мајка, домаќинка, сестра.

Со небесна сила се прави и постигнува. Брише солзи и се смее истовремено. Одгледува деца, и создава добри луѓе со две изморени раце.
Нејзините раце незнаат и не чувствуваат тежина болка, и рани нејзините раце знаат само за љубов, нежна прегратка и допири по лицата на децата и луѓето кои ги сака околу неа. Само жената може со збор да те дигне на небото и да те спушти на земјата за да ти ја докаже нејзината важност, и достоинство. Неа неможе секој да ја излаже , таа сама во себе верува и упорна е во своите цели.

Знае многу вешто да ја скрие тагата и горчината од животот во себе и потајно да се исплаче и повторно да биде добро. Годините ќе и го збрчкаат лицето но таа повторно ќе се смее и ќе биде горда. Кога еден ден долгата кадрава коса ќе нема кој да и ја мрси, ќе ја собере високо во растурена пунџа и ќе биде повторно убава. Гаснат ѕвезди, гаснат животи но ние кои сме живи мораме да се бориме народе и да докажеме дека ние жените сме силни и дека нашите лица нема да имаат лузни од проблеми и маки туку од радост. Да бидеме посилни за да создадеме потомвство кое ќе ја затопли нашата земја а не да создава војни и несреќни, да создаваме потомвство со кое ќе имаме слога и добрина.

Токму една таква жена е една анонимна личност на која и се гордеам секогаш кога ќе ја погледнам. Висока, кадрава со плави очи и секогаш широка насмевка на нејзиното лице. Душата и плаче а срцето како распарчено и зашиено од сите страни сеуште и чука. Облеката и го грее нејзиното телото , а таа ги грее другите од убави зборови и добрина. Секое дете во нејзината прегратка трча, а се што ќе подари од нејзините чесни раце смирува болка во градите.
Посакувам секој да е како неа. Да не знае за граница. Посакувам секоја жена да има свој карактер и да се бори до крај за своите права, секогаш да биде привчена и да знае дека е убава. Посакувам да знае да си подари самата на себеси подарок и да се цени себе си, да знае самата да се прегрне и да се насмее истовемено.

Да знае самата да си го свари своето прво најубаво, утринско турското кафе и да го испие онака како што посакува. Да биде храбра да знае да плаче и да вика на глас за да излезе од неа демонот кој се крие и кој незнае каде ја носи патот кога е повредена. Да верува дека некогаш ја чека некаде некоја среќа и дека ќе биде среќна, бидејќи среќата е мала и секогаш ни е пред носот но ја избегнуваме тргнувајќи по големи работи кои ги залажуваат и заслепуваат нашите очи. Затоа радувајте се на животот, краток е и не дозволувајте убавината и добрината која ја имате да уништат лошите дволични луѓе туку вие уништете ги со добар збор и широка насмевка.

Автор: Ивана Јовановска

Напишете коментар