Пред да ја запознаеме вистинската љубов навистина треба да вкусиме повеќе скапани тикви за да дојдеме до вистинската.
Човекот секогаш се врзувал за изгледот, надворешноста, материјалноста, површноста. Вистинската љубов не е таква, таа секогаш поврзува две сродни души кои се чисти како солза и спремни за целосно предавање кон другиот. Трчајќи кон погрешни луѓе секогаш ќе наидуваме на скршени ветувања, празни зборови измешани со милион лаги. Времето најдобро ќе ви покаже за вистинските намери на лажната љубов, а вистинската ќе ви докаже дека вие и сте СÈ . Во вистинската љубов сè е искрено, и грешките ги кажуваме без двоумење, едноставно сакаме чистота.
Лажната љубов е совршена, пазиме на секој кажан збор, на секоја наша постапка не сфаќајќи дека тоа е платонско и нереално. Во тој случај човекот е вљубен во замислени идеали, а не во реален човек од крв и месо. Реалната љубов допира две скршени срца, повредени од платонските и нереални идеали. Кога ќе се спојат скршените срца стануваат една целина, стануваат едно срце кое е спремно во секој момент ако треба и животот да го даде за саканиот. Енергијата која сме ја давале на погрешни луѓе мислејќи дека сме среќни, таа всушност не истоштувала, да, била идеална без кавги, но нереална. Луѓето кои сакаат вистински не секогаш се најдобри, имаат подеми, имаат падови, љубомора од губење на најмилото, сето тоа е човечко. Лажната совршеност во себе крие многу лавиринти и скриени измами. Оние што сакаат со чисто срце можат да го повредат најмилото баш од бес или од лутина, но длабоко во срцето им горат жарови, исто како да се повредуваат самите. Многу време потоа срцето им плачи,а изгледаат среќно. Светот не мора да знае за нивната болка. Во вистинската љубов несовршеностите им ги укажуваме на блиските на благ начин со надеж дека ќе станат подобри за себе на прво место, а потоа за нас. За најмилото човек е спремен да ги тргни сите пречки на патот, со благ пристап и секогаш заштитувајќи го својот став кон таа личност. Среќата која ја имаат им се допаѓа на искрените души, но на овој свет не се сите искрени и добри. Затоа да ја чуваме вистинската љубов како редок дијамант, а не да собираме камења на кои ќе им бидеме само попатна станица, а не цел! Љубете за да ве љубат. Љубовта е најправилната инвестиција во сечиј живот…