Skip to content

Сакаат да го исфрлат на улица бидејќи во станот имал премногу книги

Шеесет и седум годишниот Бен Хамер веќе четириесет и шест години изнајмувал мал еднособен стан во Бруклин. Хамер моментално се соочува со опасноста да остане без покрив над глава како и да биде избркан на улица, а сето тоа поради тоа што… има премногу книги!

Имено, човекот кој му го изнајмува станот бара Хамер да се отсели затоа што колекцијата од книги кои ги поседува, наводно ја загрозува зградата во станот во кој се наоѓа.

Во известувањето во кое се бара иселувањето се наведува дека „кутиите, торбите, хартијата, плакарите, дрвените кутии и книгите наредени од подот до плафонот“ се нехигиенски, а управителот на зградата изјавил дека претставува опасност од пожари.

Хамер, кој нема намера да го напушти својот стан, следната недела ќе се најде на суд. Тврди дека сакаат да го иселат затоа што пред две години побарал да му се замрзне станарината.

„Ова што можете да го наречете библиотека, мојот газда го нарекува опасност од пожар“, рекол Бен Хамер.

Извор

Напишете коментар