Пак е ноќ,
ниедна доба
седам сама
во својата соба.
Сите спијат,
а јас го загубив сонот
и повторно во внатрешноста
го чувствувам болот.
Не ме прима постелата да спијам,
ме мачи бесоница
до уплав ме тресе и убива.
Се плашам да заспијам
да не се разбудам полудена,
па и зошто да спијам,
кога сум вљубена.
Автор:
Елена Костадинова VII одд.
ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица
Ментор: Даниела Пејева Митева