Skip to content

Талкачи

  • by

Талкаат везден

по улиците празни,

покорени и

со лицата тажни.

Додека во прогонот

ја бараат светлината

на денот што доаѓа

по ноќите

непреспиени – долги.

Чекорат со бесшумен од

на стопалата уморни,

од талкање,

во непознат правец.

Истрошени чекори за навек!

Автор:
Шифра: „Murasaki 花“

Напишете коментар