Skip to content

Шумска свадба – Матеа Борски

  • by

Во шумата свадба голема,

сите животни се на колена.

Верверичката невеста била,

убава ко самовила.

Младоженецот, бел зајко

сака да бега, леле мајко!

Се уплашил кутриот тој

сите му велат, нема бегање, тука стој!

Лисицата кума била

убав костим си сошила.

На главата шешир носи,

игра со нозе боси!

Баба Меца оро води,

а на волкот гозбата му годи.

Свадба е тоа весела,

целата шума се тресела!

Автор:
Матеа Борски – 9 години

Напишете коментар