Ко дождец солзи ронам
низ мракот в мисли тонам.
Срцето силно бие, чука
од мака што не си тука….
Постојано си во мислите мои,
ги барам очите твои.
Во пустиот и црн мрак
а од никаде никаков траг…
И кога сонцето ќе пушти зрак
моето лице тажно ќе е пак.
Рацете мои пак ќе се празни,
заедно сме само во моите сказни….
Како ми е во душата само јас си знам,
на моето срце рани му отварам.
И свесен сум морам нешто да сторам,
не знам со чувствата како да се изборам…
Но, сакам да го сотрам овој јадеж!
На срцето си давам надеж.
За твојата љубов ќе се борам,
за тебе мила моја сè ќе сторам!
По некое време и самата сфати,
затоа мене пак ми се врати.
Чувствувам и знам… љубов со ваков жар
не смее да згасне, таа е од Бога дар!
Автор:
Шифра: „Дар од Бога“