Skip to content

Очи грешни

  • by

Кога сакам рацете ги ширам,

кога љубам срцето го давам,

кога плачам солзи ронам,

кога тажам душа кинам.

Очи – извори непресушни,

очи – езера солени,

очи – разиграни планети,

очи – огледало на душа.

Гледам да те видам,

гледам да те викнам,

гледам да те бакнам,

гледам да те љубам.

Мојте очи грешни,

мојте очи страдни,

мојте очи гладни,

мојте очи јадни.

Дојди изгаси го немирот,

дојди задоволи ја страста,

дојди исполни ме со радост,

дојди затвори очи грешни…

Автор:
Бони Попова

Напишете коментар