Skip to content

Молк

  • by

Збор. Зборот се шири и провлекува лесно како овој лист хартија.

 Но, реченицата е тешка и стуткана како клопче,

чека да се раскинат зборовите,

Трајните зборови кои се провлекуваат како ехо во планина

Нивниот одек одѕвонува во ушната школка

И останува само еден глас.

Некој таен глас што зуи како пчела

А боде како колец.

Ја пробива нишката на младоста како лузна на детско колено.

Еден глас, носи друг како бранови во море.

Останува, го бара зборот на убоста.

Време мине, нема правец, нема стрелка, залуден е компасот во оваа падина.

Се е бледо и изветвено и пусто и заматено.

Остана само еден МОЛК.

Автор:
Сања Нечовска

Напишете коментар