Допир
и нежен трепет здивот ти го зема.
Под кожата, низ телото,
ќе разгори оган жив
и раѓа семе што од мртвите вади цвет,
и плима го топи,
копнежот нем,
како порив од најубав мед…
Надојдува поплава од лава врела
и заруменува образ со умилна молба
Милост
огнот да го смири…
Се изгубивме секој во својот свет,
и блесок во очите не стопи,
и сиот бес исчезна за миг.
Во изгрев,
се будат сами и денот и ноќта,
сонот и јавето во дофат ќе се родат,
и од стравот и неукоста
ќе гориме грешни,
зошто само еден е допир на векот,
нем и неразбирлив,
а сепак татни и копа,
дур пепел не се сториш,
и спокој ќе најдеш,
некаде во немирот таен.
И нечекаш да догориш како свеќа,
туку да оживиш како искра.
И повторно
Од ноќта со месечев сјај,
Од свилата на сонот,
Покривка да исткаеш
И од допирот како наметка,
Душа да си покриеш.
Автор:
Татјана Момоковска