Ех, таго, камо да беше прашина,
па лесно да можев да те избришам…
Камо ветрот да можеше
така дувајќи да те однесе далеку…
Камо да беше шкртаница од молив,
па да те избришев со гума…
Зошто си толку сурова
и се вселуваш во сечие срце?
Ние луѓето не сакаме тага!
Сакаме свет полн со среќа и смеа,
сакаме свет во кој
ќе раскажуваме дека
болката и тагата минато беа.
Зошто ти толку многу
се врзуваш за нас,
а ние од тебе не наоѓаме спас?
Зарем мора со тебе да се бориме?
Ние сакаме срцата да си ги отвориме
и за поимот среќа да говориме.
Ех, таго, камо да беше камен,
па да те фрлев во вода
и да пропаднеше на дното,
можеби тогаш засекогаш
ќе исчезнеше од моето срце.
Автор: Стефанија Јакимовска