Во една од најголемите светски поетски сили, Колумбија, во Богота деновиве излезе од печат антологија на 14 македонски поети објавени кај издавачите Ладронес дел Тиемпо и Уни Едисионес. На 23.07 во Богота, Колумбија, во Кафе Музео Ибањез, со авторите Глорија Бернел, Стефан Шоме и Пабло Ункос, ќе се промовира ова издание со наслов „Картографија на огнот”, а во избор и предговор на академик Катица Ќулавкова, во соработка со Наташа Сарџоска. Автор на корицата е Стефан Шоме.
Застапени поети во оваа прва македонска антологија во Колумбија се истакнатите поети: Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Лилјана Дирјан, Славе Ѓорго Димоски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Игор Исаковски, Никола Маџиров, Николина Андова Шопова, Наташа Сарџоска, Јулијана Величковска, Митко Гогов, Ѓоко Здравески. Песните ги преведоа Игор Поповски, Бојрана Мојсовска, Марко Видал Гонзалес, Елса Бареда Руиз, Јоланда Кастањо, Огнена Никуљски, Хусто Хорхе Падрон, Клеопатра Филипова, Сања Михајловиќ Костадиновска, Перица Јовчевски, Олга Петан, Ирена Синџироска, Адалберто Гарсија Лопез, Марија Петровска, Тамара Масковиќ и Наташа Сарџоска.
Извор: nomads.mk
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.