Поезија

Патеката која треба да се изоди

Дожд.
Разбранувано небо и силен ветер.
Во мојата глава поплава од мисли.
Бура од сомнежи, неверување и скептицизам.
Одлука, дали е тоа правилниот избор?
Крстопат.
Да одам право или да свртам лево?
Или можеби е подобро ако одам кон десно?
Животот изобилува со крстопати.
Патеки по кои мора да чекориш.
Сонце.
Мирно небо и спокој.
Бура од љубов, верба и надеж.
Насмев и топол збор за споделување.
Солзи и тага патници на кои им завршува патувањето.
Среќа и успех нови патувачи.
Патот кој мора да го изодиш
Поплочен со рози или трње?

Image

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје