Една слика – илајда зборови? Вреди ли толку или нешто многу повеќе?
Би рекла една слика – илјада чувства.
Погледите замрзнати во една точка,
голема насмевка или сериозност,
движење или стоење
неуништиливи спомени.
Една слика – илјада спомени,
потсетување на старите времиња
или на вчерашната забава,
на старата љубов
или на вашиот прв роденден.
Една слика – илјада мисли
за оживеаните емоции
за болните сеќавања
за среќните мигови
или можеби за нов свет во уметноста.
<
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.