Среќа

Прекрасниот поглед низ кој го гледавме морето ми остана врежан во моите сеќавања. Таа мила и слатка баш каква што и ја запознав,  ме пленеше со нејзиното шарено фустанче од тантела кое што многу посакував да го соблекувам и да ја бакнувам по целото тело.
“Прекрасно е да се има куќа покрај плажа нели“? – Мудро заклучи ТАА тоа утро, а јас само се насмевнав и потврдив.Нашиот заеднички сон се оствари, сега сме онаму каде што сакаме да бидеме.

Секој ден одеа заедно на прошетка покрај плажа или трчаа се додека не дојде време да се подготвуваат за работа.

Беа среќни. Иако во близина немаше многу куќи, нивната го красеше целиот островски предел.  Заедно ја направија и двајцата учевствува во изборот на мебел за нивниот топол дом.

Што можеа да посакаат повеќе од ова?

Image

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели